Попова до Шилегов: Доста позираш, кривично треба да одговараш што го труеш Скопје со дивата депонија Вардариште

„Додека цело Скопје се справува со заразна пандемија, Шилегов го труе градот со смет, кој градот го фрла на дивата депонија зад мене.

Овде смет оставаат возилата на градската комунална хигиена. Значи наместо да се грижи за сметот, градот Скопје прави смет.

Фотографиите кои ги објавивме во текот на вчерашниот ден, а и во секојдневието, покажуваат дека оваа дива депонија е преполна со луѓе кои собираат железо и друг отпаден материјал, а и присуство на мали дечиња, што преставува потресна глетка и тажна реалност за градот Скопје“, вели Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

„Шилегов создава еколошка бомба со фрлањето смет на дивата депонија со која го загрозува здравјето на илјадници Скопјани.

Поважен му е пи-арот од решавањето на проблемите. Шилегов сака да се молчи за овој проблем и вистинските проблеми ги става под тепих.

Но, тој е должен да одговори како дозволил возила на комунална хигиена да оставаат смет сред Скопје на дива депонија. Наместо да чисти депонии, Шилегов создава депонии.

Наместо враќање на сјајот на Скопје, Шилегов ги враќа депониите. Има ли Инспекторат за заштита на животната средина во оваа држава Го повикуваме и заспаното Министерство за животна средина да реагира. Надлежните институции кривично да го гонат градот Скопје кој создава дива депонија и ги труе Скопјани.

Наместо асфалт, Шилегов на Скопјани им испорачува тони отпад. Наместо за време на полицискиот час да го собере ѓубрето, Шилегов создава дива депонија на Вардариште.

Наместо секојдневно фотографирање и позирање, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да нареди запирање и чистење на оваа еколошка бомба која тој самиот ја создаде“, изјави Ирена Попова, советник во Советот на Град Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега