Николоски: Потребно е масовно тестирање на поширока бројка во Прилеп

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, порача дека во Прилеп потребно е итно да се направи масовно тестирање на поширока бројка на луѓе кои индиректно би можеле да бидат под опасност.

„Бројот на тестирани во Прилеп треба да се брои во илјадници, а не како што е сега. Што повеќе тестирани толку подобра слика за здравствените работници да можат да помогнат на сите“, порача Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, додава дека треба побрзо да стигаат резултатите на веќе тестираните. Информациите од Прилеп, вели Николоски, се дека луѓето чекаат од 5 до 7 дена за резултат.

„Тоа е недозволиво долго време. Драгоцено изгубено време, зашто доколку навреме се детектира вирусот и веднаш се почне со терапија многу поголеми се шансите. Да се дозволи поголема слобода во однос на проценката на матичниот лекар за креирање на упати преку системот мој термин, да се направи скрининг на здравствениот персонал. Тие се нашите херои и се на првата борбена линија“, смета Николоски.

Тој повика во Прилеп на испомош да бидат испратени медицински лица од другите болници во Македонија, а пред се инфектолози. Николоски нагласи дека е неопходно и зајакнување на капацитетите на Битолската клиничка болница, како најголема болница во околината на Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2020 - 12:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега