Пратениците повторно на пауза на барање на НСДП поради пресудата за Кежаровски

Во македонското собрание денеска се одржува 74 седница. Пратеничката група на НСДП побара уште еден час пауза во знак на протест поради судската одлука од 4,6 години затвор за новинарот Томислав Кежаровски.

Пратеникот на НСДП,Горан Мисовски, изјави дека носењето на оваа одлука според него е под притисок од страна на власта.

Претходно еден час пауза побара и пратеничката група на опозициската СДСМ.

За потрсетување, на почетокот на седницата, собранискиот спикер Трајко Вељановски, го разреши претседателот на ДИК, Борис Кондарко од функцијата. Инаку, Кондарко самиот поднесе оставка пред неколку денови поради како што изјави лични причини.

21.10.2013 - 13:23

најчитано сега