ВМРО-ДПМНЕ: Се зголемува бројот на починати и заболени, а масовно тестирање нема

„Ескалира здравствената и економската криза во Република Македонија. Неспособноста на Зоран Заев и неговите соработници ја зема својата цена. Секојдневно се зголемува бројот на починати и заболени, а масовно тестирање нема. Расне бројот на инфицирани доктори, а заштитна опрема нема.

СДСМ не враќа 30 години назад во мрачните времиња на криминалната транзиција. Сликите кои граѓаните ги паметат, слики на илјадници граѓани оставени без извор на егзистенција повторно се реалност во нашата држава. Бавната и несериозна реакција на власта кога станува збор за помош на македонското стопанство и спас на работните места на граѓаните ќе значи колапс за економијата и висока стапка на невработеност“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Историјата со СДСМ на власт ни се повторува. наместо помош за обичниот граѓанин на прво место се олигарсите и нивните милиони. наместо парче леб за народот Владата на СДСМ е фокусирана на тоа како да земе од граѓаните. Најавата за покачување на акцизата за горивата директно ќе удри по џебот на народот, буџетската дупка на Заев и на Ангеловска ќе се полни сo и она малку што му остана на народот.

Потребни се брзи и одлучни чекори за спас на економијата затоа што секој час таа е се поблиску до колапс, а граѓаните се се поблиску да останат без извор на егзистенција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега