ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза на Тричковски во кој тој посакува смрт нa Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува говорот на омраза на Бранко Тричковски во кој тој посакува смрт на Христијан Мицкоски.

-Таквиот најнов говор на омраза е само пресликување на свеста и очајот во кој се наоѓа СДСМ и владејачката гарнитура.  Говорот на омраза на Тричковски директно е стимулиран, помаган и инструиран од СДСМ и Зоран Заев кој ниту еднаш не се огради од континуираниот говор на омраза на провладиниот колумнист Тричковски. Неговото сеење на омраза е приказ на состојбата на СДСМ која го губи тлото и дезориентирано се однесува во време на најголемата здравствена и економска криза, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата оценуваат дека наместо да спасува животи и да ја помага економијата, власта сее говор на омраза.

-Бараме институциите на систем да го санкционираат таквиот говор на омраза кој само е продолжение на антисемитизмот инспириран од членови на СДСМ. Бараме во овие тешки моменти за државата наместо со говор на омраза владата и СДСМ да се занимаваат со спасување на животи и спасување на уништената македонска економија. Тоа е поважно од сеење на говор на омраза, порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 10:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега