ВМРО-ДПМНЕ: Додека СДСМ шири лажни вести, Македонија колабира како на економски, така и на здравствен план

Фабриката за лажни вести и во овие тешки моменти за македонскиот народ и држава е на Бихаќка. Од фабриката на СДСМ за лажни вести секојдневно се пласираат нови производи со единствена цел манипулација на македонските граѓани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш верува во сопствениот народ и во неговата способност да пресуди што е вистина, а што лага. ВМРО-ДПМНЕ уште од самиот почеток на кризата нуди решенија на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и апелираше да се превенира поголема катастрофа како на економски така и на здравствен план во Република Македонија. Како владеачка партија наместо штури соопштенија во СДСМ време е да се позанимаваат со состојбата во државата која е повеќе од сериозна. Македонија колабира како на економски така и на здравствен план. Од ден во ден се поголем е бројот на починати и заболени пациенти од опасниот коронавирус, но и бројот на наши сограѓани кои се оставени без приход, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека првичните анкети велат дека над 100 илјади граѓани имаат добиено привремен отказ од почетокот на кризата, а бројката се очекува и натаму да расте.

-Наместо да продаваат демагогија време е на Бихаќка да ги засукаат ракавите и барем еднаш интересот на граѓаните да го стават пред партискиот, порачуваат тие.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега