Ѓорѓиевски: Прилеп е уште еден град каде се чувствува неспособноста на власта

Прилеп е уште еден град каде се чувствува неспособноста на власта. Коронавирусот само го извади на површина растурениот систем.

Апелирам веднаш да се преземат итни мерки за заштита на граѓаните на Прилеп, нивното здравје и добробит.

1. Власта да го забрза времето за добивање на резултати од тестирањата за коронавирус и од сегашните недела дена чекање, да го сведе во разумен рок.

2. Да се зголеми потенцијалот на прилепската болница, како со човечки кадар, лекари и медицински работници, така и со простор.

3. Да се врши константна дезинфекција на градот.

Мерки веднаш, додека не е предоцна! Здравјето нема цена!

Фејсбук статус на Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега