Јанушев: Сите влади во Светот даваат на народот, само оваа на Заев одзема од граѓаните

Неспособната влада ќе ја наплаќа кризата од народот. Ако по 3 денари има добивка од секој литар бензин со покачена акциза, тогаш Заев и неговата влада ќе одземаат од народот 100 милиони евра секоја година, напиша на Фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

„Сите влади во Светот даваат на народот, само оваа на Заев одзема од граѓаните. Да одземаш по 100 милиони евра од народот годишно, не е ништо друго освен пљачка на векот.

Не знаат како со короната, ама знаат како со крадењето. Дури ни на Бранко во транзицијата не му текна ваков грабеж, како што сега Заев ќе прави со акцизата. Ова ќе го наплатат од сиромашните за да се збогатат веќе богатите.
Откажете се од пљачката на народот која му ја спремате.

Едно ѓубре не знаат да исчистат, не пак држава во криза да водат“, напиша Јанушев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега