Георгиевски: Бараме целосно затворање на цела Македонија, десет дена

Поранешниот премиер на државава, Љубчо Георгиевски во отвореното студио на ТВ24 изјави дека на Македонија и е потребно целосно затворање минимум десет дена.

-Бараме целосно затворање на цела Македонија – десет дена. Тоа е нужно за да се направи пресекување на вирусната криза. Тоа ќе биде вовед во понатаму, ослободување од мерките“ изјави Љубчо Георгиевски.Ова што сега се прави со затворање од 16 часот е контрапродуктивно, се создава огромен метеж пред банки, во маркети во утринските часови пред полицискиот час и создаваме непотребно ширење на вирусот, наместо да го блокираме комплетно. Оваа работа нема да заврши за два месеци, тоа станува се појасно и затоа мораме да одиме на една ваква мерка сега, а потоа да ослободуваме. Мала земја сме, може да биде тоа предност за нас, но потребни се други мерки. Треба да биде наша цел – држава ослободена од коронавирусот“, вели Георгиевски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега