Ана Бекута во паника и во солзи: Нејзиниот сопруг бил во болница каде има 90 заразени со коронавирусот

 

Непосредно пред почетокот на пандемијата со коронавирусот, Милутин Мркониќ, невенчан сопруг на српската пејачка Ана Бекута бил подложен на дијагностички метод на Институтот за кардиоваскуларни заболувања поради проблеми со срцето и крвните садови.

После интервенцијата тој редовно одел на контроли и се било во ред, меѓутоа неодамна е објавено дека во Институтот има околу 90 пациенти и лекари се заразни со коронавирусот, па Милутин и Ана почнале да паничат. Со други зборови можно е и тој да е заразан со коронавирусот, а со сам,ото тоа во опасност е и Ана.

-Ана е повеќе исплашена од него. Мрка е убеден дека е добро и не е заразен, но таа „се јаде жива“ “ рекол извор близок до пејачката и додал:

- Мрка беше на контрола неколку дена пред да објават дека во Институтот има заразени со коронавирсот. Нема никакви симптоми и верува дека бил во болницата, ден, два пред вирусот да влегол во болницата, така што не постои ризик да биде заразен и тој.Со оглед на тоа дека Мрка има години и има и проблеми со срцето, Ана е многу исплашена.Иако не верува дека е зарзен, сепак постои паника. Ана навечер станува и го проверува Мрка дали е добар и дали има температура, многу е загрижена- вели добро упатен извор за српските медиуми.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега