Петров: Компаниите да ја искористат мерката за поддршка од 14.500 денари по вработен

„Ова е тежок период за сите нас. Од средината на март повеќето од нас си ги поставуваат истите неколку прашања. Како да продолжиме со работа? Како да ги зачуваме компаниите кои макотрпно сме ги граделе со години? Како да ги исплатиме платите на нашите колеги кои со годините станаа и наше семејство, во време на една од најголемите глобални кризи во светот?

Ова се тешки времиња за сите нас, но запомнете, оваа битка нема да ја водиме сами. Ќе го надминеме ова заедно“, кажа Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

„За да ги зачуваме работните места, Владата предводена од СДСМ, овозможи директна помош од 14.500 денари по вработен за април и мај за сите фирми погодени од кризата.

Преку оваа мерка ќе можете да ги финансирате потребите за платата на вашите колеги но и да ги зачувате нивните работни места за време на кризата“, вели Коста Петров, потпретседател на СДСМ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега