Петров за протестот во Синѓелиќ: Законот е ист за сите, спроведени се постапки против сите што го прекршиле

Како партија ги осудуваме сите непочитувања на мерките на Владата на Република Северна Македонија, она што би сакал да напоменам е дека пораката на градоначалникот на Гази Баба имаше една цел, да ја смири ситуацијата, вели потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, во врска со вчерашниот протест на жители на Синѓелиќ.

„Би сакал да кажам дека сите сме еднакви пред законот и законот важи подеднакво за сите. Она што можам да го потврдам е дека МВР има поднесено три кривични пријави за три лица, а најавени се и мерки за сите други што излегле на улица“, рече тој.

Петров упати апел до сите граѓани да не дозволиме еден изолиран инцидент да ја засени одличната работа на стотици здравствени работници, на сите институции и на сите граѓани кои седат дома, се борат против овој смртоносен вирус.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега