Мијатовиќ загрижена поради пресудата за Кежаровски

Пратеникот на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ, изрази загриженост поради изречената пресуда за новинарот Томислав Кежаровски на кој денеска му беше изречена пресуда од 4,6 години затвор.

- Шокирана сум од денешната пресуда. Оваа преголема казна е загрижувачки развој и испраќа јасна порака за цензура на другите новинари. Денешната пресуда има сериозни последици за слободата на изразување и слободата на медиумите. Криминалното гонење на репортерите за нивните новинарски активности претставува прекршување на фундаменталното човеково право за слобода на изразување и на заложбите на земјата-членка на ОБСЕ за развој и заштита на слободните медиуми, вели Мијатовиќ во пишаната изјава до медиумите.

Мијатовиќ воедно бара новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски, веднаш да биде ослободен.

21.10.2013 - 14:39
Фото: 
НОВА

најчитано сега