ВМРО-ДПМНЕ: Власта не обезбедила заштитна опрема за лекарите, а исплаќа илјадници евра плати на поранешни работници во СЈО

ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, власта на шверцерски начин среде полициски час ја извади калдрмата во Старата скопска чаршија.

1. ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива до Уставниот суд со цел поништување на исплатата на плати од илјадници евра на бившите припадници на СЈО, во услови кога имаме медицински персонал без заштитна опрема.

2. Власта уништува споменик на културата. На шверцерски начин во сред полициски час е извадена калдрмата во Старата скопска чаршија.

3. Дивите депонии не се решени. Вардариште е еколошка бомба за Скопје, потенцијален извор на зарази за периодот што доаѓа.

4. Земјоделците после лекарите и полицајците се хероите во оваа криза, власта не им излегува во пресрет, уште доцнат субвенции и исплати од буџетот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 20:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега