УЕФА на крајот на месецот ќе донесе одлука за разврска на сезоната

 

Спортот ширум светот речиси секаде е стопиран, а ретки се оние првенства кои играат регуларно. Кризата со вирусот ковид-19 направи огромни проблеми за ФИФА и УЕФА, кои беа принудени да менуваат и договараат нови термини натпреварувањата.

Фудбалските тимови веќе го планираат враќањето на терените, но сè уште чекаат „зелено светло“ од УЕФА. Евелина Кристилин, која е член на собранието на европската куќа на фудбалот обелодени кога ќе се донесе одлуката за продолжението од сезоната.

„Здравјето и сигурноста во фудбалот е на прво место. Петте најсилни лиги сакаат да ги завршат првенствата, но никој од УЕФА нема да оди против одлуките на тамошните влади. Во теорија, клубовите можат да се вратат на тренинзите кога рестриктивните мерки ќе се укинат. Постои план за продолжението, но сè уште ништо не се знае. На 22 април е закажана важна видео-конференција на сите членови од УЕФА, па потоа ќе има повеќе информации“, изјави Кристилин.

Веќе беше најавено дека доколку сè оди според планот националните шампионати ќе се играат во јуни и јули, а се шпекулираше дека разврската во Лигата на шампионите и Лигата на Европа ќе се одржат дури по нив.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.04.2020 - 21:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега