ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не знаат дали утре ќе се прехранат, а Владата на Заев сака да ги покачи и горивата

Не два, туку три денари по литар гориво сакаат Зоран Заев и Нина Ангеловска дополнително да им земат на граѓаните за да ги финансираат партиските вработувања и луксузите од кои не се откажуваат. Заев и СДСМ не ги интересира дали и колку ќе скокнат цените на прехрамбените продукти  по покачувањето на висината на акцизата, велат во сооштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата нагласуваат дека граѓаните гледаат дека владата на СДСМ не може и не знае да се справи со ситуацијата во која се наоѓа Република Македонија поради корона вирусот. Единствено нешто за кое се тие способни е да профитираат од парите на граѓаните.

„Без никаков срам во оваа тешка ситуација СДСМ успеаја за само четири дена да потрошат 8 милиони денари за репрезентации, услуги во ресторани и патувања.

Граѓаните не забораваат дека оваа влада не понуди мерки кои ќе бидат за нивно добро. Мерките кои што ги презентираа за стопанството се несериозни, задоцнети и не се доволни. Тие не значат никаква помош. напротив само продлабочување на тешката ситуација во која се наоѓа Република Македонија. 

Наместо да понудат пари за стопанството кое се наоѓа во многу тешка ситуација, СДСМ пдлучи да го награди рекетарскотп СЈО и сите роднини на партиските функционери кои таму работат и молчеа за криминалите на Јанева и нејзините соработнички.

Граѓаните се исплашени за себе и за животната егзистенција на своите семејства.

СДСМ докажува дека единствено се грижат за своите џебови, но не и за иднината на граѓаните.

СДСМ мора да ја напушти суетата и да ги прифати конструктивните предлози на ВМРО ДПМНЕ за да помогне на бизнисот, државата и граѓаните“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега