ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп: Додека во Прилеп бројката на новозаразени расте, СДСМ во групи дели пакети со продукти

Во ек на пандемија и во овие тешки денови за сите кога бројката на новозаразени од коронавирусот во Прилеп постојано се зголемува, СДСМ во групи дели пакети со продукти, ова денеска преку изјава за медиумите го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

-Вчерашните фотографии од пред штабот на СДСМ кај Табана се доказ за целото лицемерие и непочитување на мерките за заштита на здравјето на граѓаните, кои патем токму тие како власт ги носат.

Овие фотографии се загрижувачки и значат само едно, загрозување на здравјето на граѓаните!

Уште еднаш ги повикуваме јавно да одговорат:

Од каде толку пари во буџетот на вашиот партиски огранок?

Врз основа на што одредувате кое семејство треба да добие помош, а кое не?

И дали ќе покажете јавно и транспарентно сметки пред јавноста за извршени набавки?

Денешната прес конференција ќе ја искористиме и да прашаме, дали началникот на Интерно одделение во градската болница “Борка Талески”, Д-р Лимбески си поднесе оставка?

Доколку е вистина, дали причините за ова се несогласувањата со директорот на болницата и недоволната заштита на медицинскиот кадар?

Дали е вистина дека 14 вработени од ова одделение се во самоизолација и веќе една медицинска сестра е заразена од коронавирусот?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ ОК Прилеп.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 16:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега