ВМРО ДПМНЕ: СДСМ е причината поради која над 140.000 граѓани времено се отпуштени од работа

Од опозициската ВМРО ДПМНЕ реагираат на денешната прес конференција на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Аматеризмот на власта и економската неукост која ја имаат предизвика 140.000 граѓани да останат времено без работа. Над половина од работниците во угостителството останаа без своите работни места. Таканаречената помош која ја нудат за надомест во делот на плати не е доволна компаниите, ниту да ги подмират сметките за вода и струја, а не пак нешто посериозно да направат. Трошоците на фирмите се огромни, а помошта на владата ја сфаќаат како поигрување со нивната тешка состојба. Потребни се реални мерки, а не мерки кои не може да ги искористи никој, освен пар олигарси блиски до СДСМ“, пишува во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 16:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега