ВМРО-ДПМНЕ: Претседателот на ОК Могила се повлече од морални причини, кога ќе се повлече Берат Вејсели кој го кршеше полицискиот час?

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и сите нејзини активисти и членови негуваат високо ниво на морал и етика, за разлика од СДСМ, каде се водени од неморал и неказнивост.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Могила се повлече од својата позиција како знак на морал, а својата невиност во врска со сомнежот за дрвокрадство ќе ја докажува на суд.

Ова го соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде апелираат до СДСМ советникот од таа партија во Гази Баба да се повлече бидејќи, како што велат, дрско го кршеше полицискиот час и демонстрираше сила пред полицијата.

-Бидејќи СДСМ декларативно вели дека законот важи за сите, еве шанса да докаже, нека се повлече советникот Берат Вејсели од позицијата затоа што го кршешше полицискиот час и демонстрираше самоволие. Не може полицискиот час да важи за сите, а да не важи за луѓето од СДСМ. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ поддржува неказнивост. Државна функција се уште имаат градоначалникот на Демир Хисар кој се закануваше пред малолетни деца дека ги прислушкува нивните родители; Курто Дудуш, кој тепаше човек во канцеларија; градоначалникот на Делчево кој пред камера се закануваше на бизнисмени; Драги Рашковски, кој го наруши меѓународниот углед на Република Македонија, и беше вплеткан во сомнежи за милионски криминал и редица други. Не се сите исти. Некој имаат образ, а некој не. За СДСМ моралот е мисловна именка, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега