Флик го одобри трансферот на Сане, Баерн е заинтересиран и за Вернер
Германскиот фудбалски гигант Баерн ги истражува опциите за засилување на составот. Веќе се познати и првите имиња на играчи кои најверојатно ќе се преселат на „Алијанц арена“.
Тренерот Ханс-Дитер Флик, одобри да се ангажира крилниот играч на Манчестер сити, Лерој Сане. Германскиот фудбалер останува примарна цел на Баварците под услов цената да му одговара на клубот.
Исто така, Баерн го задржува интересот за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер, меѓутоа, клубот не е сигурен во потребата од овој трансфер. И покрај фактот дека на Флик му се допаѓа напаѓачот на Сити, тој исто така покажува сериозен интерес и за Вернер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа