ВМРО-ДПМНЕ: Соседните земји одвојуваат и до 50 пати повеќе за своите домашни фирми и граѓани

ВМРО-ДПМНЕ објави „факти кои го одбележаа денот“. Според партијата, власта со зголемување на акцизата за нафтените деривати им помага на олигарсите во одржување на нивните хациенди на Халкидики, а ги осиромашува граѓаните.

1. Македонската економија на дното во Европа според помошта која ја добива од владата, соседните земји одвојуваат и до 50 пати повеќе за своите домашни фирми и граѓани.

2. Власта со зголемување на акцизата им помага на олигарсите во одржување на нивните хациенди на Халкидики, а ги осиромашува граѓаните.

3. Заради суетата на Спасовски во Куманово расте бројот на заболени, народот се чувсвтвува како да е оставен сам на себе.

4. Градоначалници на СДСМ глумат дека се над законот и ветуваат ослободување на лица од станици.

5. Шилегов ја урнисува старата скопска чаршија и молчи за дивоградбите кои и го нагрдуваат ликот.

6. Заев го вештачки го обезвреднува СРЦ Кале, за да може неговиот советник без да го купи земјиштето да стекне право на сопственост на 80% од објектите кои ќе ги изгради на ексклузивна локација сред Скопје.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.04.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега