ВМРО-ДПМНЕ: Одредени градови се под сериозен ризик, Владата не смее да чека повеќе

Сочувство и поддршка за семејствата на нашите сограѓани кои ги загубија своите најблиски заради корона вирусот, испраќа ВМРО-ДПМНе.

Според партијата, Одредени градови се под сериозен ризик заразата целосно да излезе од контрола, но, како што велат, за СДСМ се поважни внатрепартиските пресметки од помошта која им е неопходна на граѓаните.

-Суетата и политичката битка меѓу техничкиот премиер и градоначалникот на Куманово ги загрозува животите на сите граѓани кои живеат во општината.Бројот на починати и заразени секојдневно се зголемува, а Македонија е меѓу водечките во регионот и Европа по смртност од корона вирусот. Државата се соочува со пандемија од огромни размери која прогресира, а дополнително се очекува истата да го доживее пикот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму посочуваат дека сме сведоци на рапидно зголемување на бројот на заразени и починати.

-Владата на Република Македонија и нејзините претставници не обезбедуваат доволно тестови за подобар увид во состојбата, ниту доволно опрема и заштита за оние кои во првите линии се грижат за здравјето на граѓаните.Додека во сите развиени европски земји здравствените работници се оние во кои се вложува најмногу, во Република Македонија секојдневно сме сведоци на зголемување на бројот на заразен персонал. Здравствените домови секој ден се соочуваат со проблеми со персоналот кој поради немање на соодветна опрема е директно изложен на ризик и се заразува со коронавирусот.  Владата мора да изнајде решение со кое ќе ги обезбеди сите здравствени работници за тие да ја вршат својата работа онака како што треба. Не смее да дозволиме да се зголемува бројот на заразени здравствени работници, се вели во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Владата не смее да чека ниту миг повеќе.

-Веднаш да изнајде начин да се помогне секаде каде што е тоа потребно и здравствените работници да ги имаат сите услови за работа кои им се потребни сега кога се борат со можеби најголемиот предизвик во нивните кариери.ВМРО-ДПМНЕ стои на располагање и ќе се бори заедно рамо до рамо со здравствените работници. ќе помагаме секогаш кога тоа ќе биде потребно. ВМРО-ДПМНЕ искажува директна и отворена поддршка до здравствените работници и сите други кои се во првите линии во борбата со коронавирусот и пандемијата која ја зафати нашата држава. Во овие мигови најважно е здравјето на граѓаните на Република Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 09:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега