Борисов: Продајте ги скапите лимузини па побарајте помош

 

Бугарскиот премиер Бојко Борисов им предложи на бизнисмените прво да ги продадат скапите лимузини, па потоа да бараат помош од државата.

Ова доаѓа откако бизнисмените „навалија на владина помош за спасување на работните места“.

-Во бедна и сиромашна Бугарија во моментот според статистиките на полицијата, регистрирани се три „бугати“ како што вози фудбалската ѕвезда Роналдо. Постојат и 241 автомобили марка „бентли“, 123 „ферари“, 54 „мајбах“, 22 „мекларен“, 87 „ламборџини“, 311 „масерати“. Регистрирани се и 84 „ролс-ројс“, 280 „хамер“, околу 4.000 „јагуар“ и повеќе од 5.000 „порше“ автомобили, рече Борисов.

Тој порача бизнисмените наместо да ги намалат платите да го продадат својот возен парк.

Според него, гламурозниот возен парк е само мал дел од нивното акумулирано богатство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега