Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Луѓе умираат, Шилегов се фати за музика, подобро е да се фати за работа

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ реагира за отсутноста и, како што велат, одлепеноста од реалноста на градоначалникот Петре Шилегов.

-Додека луѓе умираат од коронавирус на Шилегов му дојде до музика и дава субвенции од 14.500 денари за часовно пеење на некој од скопските кровови. Дефинитивно Шилегов ги помешал приоритетите. За Шилегов приоритет се песните а не гужвата со автобусите на ЈСП. За Шилегов приоритет е пеењето по кровови, а не чистењето на ѓубре по улиците. За Шилегов приоритет е трошењето пари за забава, а не за чистење на еколошката бомба Вардариште, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Посочуваат дека таа поддржува проекти од уметноста, но во услови на здравствена криза Шилегов работи се друго, освен тоа што е најприоритетно за скопјани.

- Тој секој ден покажува дека единствениот спас за Скопје е негова оставка, со што Скопје ќе биде спасено од неговата неспособност, се вели во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.04.2020 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега