Трик како да не ви пукнат јајцата додека се варат - задолжително во водата додадете една намирница
На Велики Четврток се вапцаат велигденски јајца. Се вапцаат прво црвени, па потоа јајца во други бои, а најголемиот проблем е да не испукаат јајцата.
Она што можеби не сте го знаеле е дека бојата за јајца која ја купувате не мора да ја растварате во вода. Во сад ставете ја бојата и со многу малку вода една лажица до две направете смеса и валкајте ги јајцата. За оваа постапка ќе ви треба повеќе време, но бојата е силна.
За да не ви пукаат јајцата ставете неколку лажици оцет.
Во продолжение погледнете интересен начин за да бојадисајте велигденски јајца со зрна ориз, а сепак ќе имате интересни јајца
Потребни ви се варени јајца, ориз, прехранбена боја и пластични чаши. Сигурни сме дека имате ориз во вашата кујна, неколку пластични чашки, а може да ви фали прехранбена боја. Со малку трпение може да направите креативни велигденски јајца. При бојадисување на велигденските јајца ви предлагаме да користите заштитни ракавици, за да не шетате со шарени прсти. Техника на бојадисување на велигденски јајца со ориз. За да постигнете најдобри резулатати, пожелно е јајцата да бидат топли, оризот да биде со долго зрно, а да користите гел бои. Јајцата сварете ги, извадете ги од водата и избришете ги со кујнска хартија.
Во пластични чашки ставете 2 лажици ориз. Количината на оризот зависи од големината на чашките, но никако не треба да ги наполните до врвот.
Врз оризот ставете од бојата и добро измешајте за да се обои оризот. Во чашата ставете го јајцето и измешајте го нежно, неколку пати. Доколку долго го мешате, може јајцето целосно да се обои. По желба можете да комбинирате две бои. Прво да го ставите јајцето во една боја, а потоа во друга. Бојадисаните велигденски јајца оставете ги да се изладат, а потоа премачкајте ги со малку масло за да добијат сјај. За најдобро разбирање на техниката, погледнете го видеото.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа