Страшни злосторства ја потресоа Србија - тројца мажи убиени пред Велигден
Четириесетгодишниот Драган Радоњиќ од Лазаревац, 57-годишниот Петар Матиќ од Мал Ѕворнбик и 28-годишниот Сава Петров од Ченте починале во четвртокот, а полицијата уапсила две лица осомничени за убиство.
Тројцата мажи брутално биле убиени во три градови во Србија и тоа во очи на Велигден.
Радоњиќ и Мариќ биле искасапени со нож, додека Петров бил претепан до смрт со остар предмет, а убиецот се обидел да го сокрие злосторството така што телото на мртвото момче го фрлил во бунар. Полицијата уапсила два осомничени убијци, додека за убиецот на Драган се уште се трага.
Полицијата најпрво во четвртокот вечерта во приземјето на куќа во Лазаревац го пронашла телото на искасапениот затвореник Драган Радоњиќ Неговиот кум дошол да го посрти затоа што живеел сам и го пронашол мртов. Имал голем број на убодни рани по вратот, градите и стомакот. Мотивот засега е нпознат, како и убиецот.
Неколку часа подоцна кај Мал Ѕворник буапсел бил 23-годишниот Горан М. поради убиството на својот тетин во куќата во која живееле.
Трето злосторство се случило вечерта, кога 39-годишниот Јоца Мариќ го убил својот другар Сава. Пријателите се скарале и степале, па Мариќ го претепал Сава, а потоа телото го фрлил во бунар во еден двор на патот Зрењанин-Белград.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа