Србија одби финансиска помош од МФФ
На Србија не ѝ е потребна финансиска помош на ММФ за ублажување на последиците од пандемијата на коронавирусот, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.
Малку потоа и претстедателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган ја отрфли можноста Анкара да бара финансиска помош од ММФ.
За разлика од економската криза во 2008, кога многу од државите бараа помош од ММФ, сега ситуацијата и околностите се сменети. Барем во случајот со Србија, чиј претседател, одбивањето на помошта од ММФ, го аргументираше со фактот дека Србија има големи девизни резерви и 31 тон на злато.
„ На Србија не ѝ се потребни финансиски средства од ММФ. Некои други држави од Регионот веќе ја земале помошта.
ММФ на Србија ѝ нуди околу милијарда евра помош, и тие средства за наредните три до пет години би пораснале за три проценти долг, услови кои не ни одговараат“ изјави Вучиќ кој најави дека Србија размислува да земе 100 плус 200 милиони евра од Светската банка на 0,5 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа