Пратениците со полни раце работа - продолжува 74. седница

Пратениците денеска со полни раце работа. Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 74. седница ќе ја продолжи започната расправа по Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за инспекциски надзор.

На дневниот ред на оваа седница се и повеќе Предлог закони за ратификации на договори, меѓу кои и Спогодбата меѓу владите на Македонија и Косово за отворање нов граничен премин за меѓународен патен сообраќај „Белановце-Станчиќ“.

Меѓу точките се и измените и дополнувањата на Законот за основање Државна комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година, двата по скратена постапка, и Предлог завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2012 година.

На седницата ќе се дебатита за измените и дополнувањата на Законот за персоналниот данок на доход, на Законот за пасиштата, на Законот за земјоделското земјиште, Законот за вештачење, како и по Предлог законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост (прво читање), поднесен од пратениците од опозицијата, како и за Дополнетиот предлог закон за правда за децата, измените и дополнувањата на Законот за спортот, дополнувањата на Законот за Бирото за развој на образованието, по скратена постапка.

По скратена постапка треба да бидат разгледани и предлог -законите за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци - Штип и патна делница Кичево - Охрид, и на гаранциите на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Миладиновци - Штип" и по Договорот за заем за „Проект за изградба на автопат - делница Кичево - Охрид", кои ќе се склучат меѓу Експорт-импорт банката на Кина и ЈП за државни патишта.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, поднесен од пратениците од владејачкото мнозинство, исто така, ќе биде разгледан по скратена постапка, а ќе се дебатира и за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2013 година, откако тој ќе помине на собраниските тела. 

22.10.2013 - 09:09

најчитано сега