ВМРО-ДПМНЕ: Дали Аки Акиов сам ја нападна вработената или доби „зелено светло“ од СДС

 


Дали Аки Акиов, советникот од СДС кој нападна вработена во Советот на општина Кочани, сам решил да го направи истото или некој му дал зелено светло?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Насилството доаѓа од партиски кадар на СДС, Филипче молчи и не се оградува од Акиов.

Дали тоа значи дека тој ги тестира границите или можеби станува збор за враќање на услуга или затоа што ако прозбори може да се открие валканата мрежа што Филипче ја прикрива откако ја презема партијата?

Дали насилството е дел од стратегијата на СДС, или да креира тензии, да ја дефокусира јавноста и да создава паника?

Дали Филипче и неговиот идол Заев му дале зелено светло на Акиов за вакво однесување?

Кога советник од партија на чие чело е Филипче врши насилство, а партискиот врв молчи тоа веќе не е случајност туку е план.

Дали ова е генерална проба или режија на СДС за предизвикување на паника во јавноста?

 

СДС продолжува да биде систем за заштита на насилници“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

24.06.2025 - 10:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега