Вдовицата на Тито ќе биде погребана во сабота со воени почести
Јованка Броз ќе биде погребена во сабота во 12 часот, соопшти вчера организацискиот одбор за нејзиниот погреб.
Таа ќе биде погребена во Куќата на цвеќето во Белград, со сите државни и воени почести.
Јованка Броз почина во неделата на 89 годишна возраст во клиничката болница во Белград.
Таа е родена во 1924 година, а во 1952 година се омажила за Јосип Броз Тито со кого живееше до неговата смрт во 1980 година.
Јованка по смртта на Јосип Броз Тито живееше во скормни услови во белградската населба Дедиње.
22.10.2013 - 10:11