СДСМ: Северна Македонија со најмали штети по економијата во однос на земјите од Западен Балкан

Владата предводена од СДСМ презема навремени и ефикасни мерки за справување со економските последици од кризата со коронавирусот, тоа е потврдено и од страна на меѓународни финансиски институции, велат утринава преку соопштение од СДСМ.

Од партијата велат дека светска банка излезе со најновиот извештај и можните сценарија за растот на економијата во периодот кој следува.Според овој извештај, земјите од Западен Балкан ќе паднат во рецесија оваа година и би можеле да забележат пад на домашниот бруто-производ (БДП) до 11,3 проценти.

„Според извештајот на Светска банка нашата држава ќе претрпи најмала штета во однос на останатите во регионот. Односно пад на економијата од 1,4 до 3,2 проценти. Ваквиот извештај на Светска банка за нашата држава уште еднаш ги потврдува одговорните и навремени политики насочени кон полесно и поефикасно справување со последиците од коронакризата. Владата предводена од СДСМ, од почетокот на пандемијата активно работи на прибирање средства со кои ќе биде амортизиран ударот врз приходната страна на буџетот, а истовремено дава максимални напори преку  директно вбризгување на ликвидност во економијата, последиците од оваа корона криза да бидат колку може помали.“ наведуваат во своето партиско соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.04.2020 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега