ВМРО-ДПМНЕ: Над 100.000 граѓани се отпуштени од работа или се на принуден одмор додека Нина Ангеловска си игра економија

Mакедонската економија е во очајна криза. За тоа зборуваат најновите информации каде Македонија има пад на буџетските приходи за април за 20 % споредено со април минатата година, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на прес конференцијата на Нина Ангеловска.

„Даночните приходи за април паднаа 31 % споредено со истиот месец минатата година. ММФ проектира пад на БДП за 4 %, а други сценарија покажуваат пад од огромни 5 % на БДП.

Буџетската дупка која ја создаде СДСМ на чело со Зоран Заев ќе достигне до 1,3 милијарда евра. Секој четврти работник во земјава зема намалена плата, а се очекува невработеноста да оди над 20 % што е катастрофален пораз.

Мерките на владата во економијата се мизерни и задоцнети и никако не помагаат во справување со последиците од корона пандемијата која го тресе целиот свет. Неодговорноста на кадрите на СДСМ кои ги водат ресорните министерства со својата некомпетентност и менување на политиките секој ден ја носат македонската економија во амбис.

Над 100.000 граѓани се отпуштени од работа или се на принуден одмор додека Нина Ангеловска си игра економија. Наместо да донесе концизни и широкоопфатни мерки Ангеловска секојденвно на прес – конференции ги менува мерките и се премислува. Дополнително на тоа наместо да помага на граѓаните и бизнис секторот Ангеловска ја зголеми акцизата и реши да ја спасува економијата на грбот на граѓаните.

Македонската економија на чело со Нина Ангеловска и СДСМ оди само во провалија.“ стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2020 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега