Илиевски: Пендаровски е жив доказ дека Гоце бил во право

Стево Пендаровски е првиот и се надевам последен претседател на државата кој не упатил ниту соопштение ниту дал изјава по повод смртта на Гоце Делчев, македонскиот херој кој животот го посветил и умрел за дури и некој како Пендаровски да има држава на која ќе и претседателствува, забележа Богдан Илиевски.

-Па така, на фејсбук профилот на Пендаровски денес ќе видите некролог за Драган Вучиќ (слава му, навистина ми е жал) и извештај за разговорот со претседателката на Грузија Саломе Зурабишвили и – НИТУ ЕДЕН ЕДИНСТВЕН ЗБОР за Гоце Делчев.

На неговиот твитер профил ја има само информацијата за разговорот со Зурабишвили (иако кој го следи, знае дека Пендаровски сака да твита и кога купува три ветки млад кромид).

На неговиот официјален сајт претседател.мк, додава Илиевски, има само информација од 2 реченици дека неговиот шеф на кабинет Миле Бошњаковски положил цвеќе во Св. Спас и пред исшараниот споменик во градскиот парк.

Ова е можеби најголемиот срам за еден Претседател на држава и особено имајќи ја предвид неговата изјава дека Делчев бил Бугарин зборува доволно силно за определбата на оваа власт која очигледно ја прифатила империјалистичко неофашистичката реторика на дел од официјална Бугарија според која пред 1945-та година не постоеле Македонци, кога дошол другарот им Тито и – нe’ исмислил. Идеално е на линија со неговиот советник Денко Малески, чии ставови е излишно и да се повторат во оваа траорна прилика, посочи тој.

Илиевски вели дека не го ни чуди овој најсрамен гест од човекот кој неистомислениците ги споредуваше со стока.

-Но ценејќи го за себичен бирократ и автентичен популист, и особено човек без срам, мислев дека барем про-форма ќе го одбележи преку сопствен став денот на погибјето на Гоце Делчев.

Ама не, за Пендаровски Гоце не е вреден ниту за еден збор.

Затоа пак за Гоце таквите како Пендаровски се вредни за повеќе збора, напиша Илиевски и заврши со мислата на Гоце Делчев: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 08:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега