Мицкоски: Очекувам тежок период за македонската економија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Хриситјан Мицкоски во своето интервју за телевизија 24 жестоко ги критикуваше економските политики на Владата на СДСМ. Коментирајќи за своите очекувања на економски план тој посочи дека очекува тежок период за македонската економија поради неспособноста на актуелната власт да се справи со економските последици од епидемијата на опасниот коронавирус во Македонија.

Мицкоски ја потсети јавноста дека само пред нколку месеци Македонија и македонската економија според Заев и СДСМ блескаше за само неколку месеци да ни се случи економска катастрофа.

-Јас очекувам навистина тежок период. Иако морам да признаам дека помалку збунувачки сигнали добиваме од релевантните институции. Вие се сеќавате, блескавме околу 20 март и се беше идеално, буџетот се полнеше немавме никакви проблеми за потоа за 180 степени да се заврти бродот и апокалиптични сценарија ни се најавуваат. И вчера ресорниот министер излезе на прес конференција и кажа дека е супер ситуацијата, и каже дека ќе имаме пад на бруто домашниот производ, според министерството за финансии од 3,4 проценти, но дека тоа не е страшно и дека имаат план и дава еден приказ како се полни буџетот, вели Мицкоски.

Вели имаме потфрлање кај ДДВ-то, имаме потфрлање кај персоналниот данок на личен доход, но вели задоволни сме цитирам „што имаме натфрлање споредбено со минатата година во делот на данокот на добивка“.

-И сега кога го слушате тоа си велите дали е ова политиканство или незнаење. Зошто ова го велам. Јас не сум економист иако сум поминал многу години во бизнисот, многу книги сум прочитал од економијата, сум се дружел со многу економисти и сум прашувал и до денес прашувам и сакам да учам затоа што сметам дека како политичар човек треба да има сериозни познавања за да може да пледира на највисоките позиции во државата таму каде што јас сум тргнал. И сега истата таа министерка до пред некоја недела апелираше до успешните компании и велеше сите овие аконтации што ги имате за данокот на добивка, платете ги сега. За да може буџетот да ни биде ликвиден. Истата таа ги молеше им велеше платете сега, затоа што ќе немаме пари во буџетот. И сега истите тие ги платија тие аконтации, плус за распределната добивка данокот го платија некаде во април месец и токму од тие причини ние во моментов имаме подобра наплата на данокот на добивка во моментов споредено со истиот период лани, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега