Заев: На лидерската средба ќе побараме избори во најбрзиот можен рок

Очекувам на лидерската средба да се дефинира датумот за одржување на избори. Најдобро за државата и за граѓаните од здравствен и од економски аспект е да има избори во првиот можен рок. Тоа ќе го побараме на лидерската средба кај претседателот на државата идната недела, под услов здравствените власти да препорачаат дека состојбата со пандемијата се смирува, бидејќи здравјето на граѓаните е најважно.

Ова го истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на ТВ24. Според него, политичките партии нема да дебатираат со претседателот Пендаровски дали ќе се продолжи вонредната состојба, туку тоа ќе го остават на институциите да кажат.

-Се очекува одлука на Уставниот суд за прашањето околу свикување на Собранието, ние имавме иницијатива, претсдедателот на Собранието така одлучи и ние ќе ја почитуваме таа одлука. Не верувам дека Уставниот суд ќе донесе друга одлука, кога веќе еднаш донел одлука, рече Заев, додавајќи дека до 12 мај ќе се знаат ставовите и на Уставниот суд.

Вели дека СДСМ ќе победи на изборите кога и да се случат.

-Најдобро за државата е избори што е можно побрзо. За да имаме функционален парламент, да има политичка Влада со политичка одговорност во самата Влада а притоа да избегнеме ризик можен во есента да не ни се повтори кризата. Септември, октомври ако бидат изборите - ќе победиме побторно, крајот на ноември ако бидат или 5, 6ти декември ... пак ќе ги победиме. Заради тоа што Владата има сериозни успеси, менаџментот со кризата е дополнителен успех којшто се калкулира од страна на граѓаните, но ги решивме сите стратешки прашања, успеавме членство во НАТО и датум за преговори со ЕУ, додаде Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2020 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега