Заев: Бојко Борисов го признава македонскиот јазик

Лидерот на СДСМ и поранешниот премиер, Зоран Заев, во интервју за ТВ 24 изјави дека бугарскиот премиер Бојко Борисов го признавал македонскиот јазик, а нашиот јазик бил и составен дел од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

„Сум разговарал сo премиерот на Бугарија, Бојко Борисов. Тој го признава македонскиот јазик. Македонскиот јазик е составен дел од Договорот за добрососедство со Бугарија не само зашто стои македонскиот јазик согласно Устав и бугарски јазик согласно Устав. Тој е со македонски текст потпишан од мене и од премиерот Борисов.

Втора работа, ако разговарате со нив нема дилеми за ова прашање. Прашањето е кога некој од внатре го отвора прашањето заради едностраната изјава која што Бугарија ја дава, која што е неусловен дел за нашиот датум за преговори“, рече во интервјуто Заев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 09:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега