Гаши: Избори крај на јули или август, убеден сум дека после 20 години Албанците сакаат промена

Претседателот на „Алтернатива“, Африм Гаши, вели како што изборите закажани на 12.април беа одложени поради здравствени причини, така здравствените експерти треба да го кажат и периодот кога најбрзо тие може да бидат спроведени за да биде одреден и датум.

-Пред два месеци се собравме на лидерска средба и без примедба од некоја партија, сите се согласивме дека условите кои не затекнаа, нема да дозволат да се одржат изборите на 12.април. Јас мислам дека треба да се водиме по тој аргумент. Дека ако поради здравствена причина сме ги одложиле изборите, од таква причина треба и експертската здравствена фела да каже кој датум ќе може да се одиваат изборите без да се доведе во прашање здравјето на граѓаните, изјави Гаши во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

Тој смета дека крајот на месец јули, почетокот на август би можело да биде добар период за да бидат подготвени изборите.

-Сега не треба да се врзуваме со политички проценки туку мисијата треба да биде функционален систем. Недела порано или повеќе ако бидат изборите, на ниту една партија нема да и донесе глас повеќе или помалку, потенцира лидерот на „Алтернатива“.

Гаши тврди дека Собранието треба да се состане, бидејќи тоа е во постојано заседание.

-Пратениците остануваат пратеници се додека не се се состане нов состав. Собранието е најдобро место за дебата, изјави тој.

Во однос на проценките за мандатите кои би ги освоиле Гаши не очекува тектонски поместувања кај албанските гласачи, кои, вели Гаши, се желни за промена.

-Особено во албанскиот блок не сме гласале за најдобриот, туку за оној што сме мислеле дека ќе победи. Сега граѓаните ќе гласаат за партија или коалиција која веруваат дека ќе им донесе промена. Убеден сум дека после 20 години, Албанците сакаат промена и тоа ќе биде пресуден момент, изјави Гаши.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.05.2020 - 09:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега