УЈП: Барајте фискални сметки - тоа е ваше право
Управата за јавни приходи на Македонија денеска преку соопштение апелираше граѓаните да бараат фискални сметки бидејќи тоа е нивно право.
- Секој купувач на добро или корисник на услуга има право да добие фискална сметка во моментот на плаќање. Неиздавањето фискална сметка, подразбира и дека граѓанинот нема потврда оти купил и платил за цената на производот/услугата во соодветниот деловен објект, со што се загрозуваат неговите потрошувачки права - за враќање или рекламација на купеното, укажува УЈП.
Инаку, контролите на УЈП и натаму продолжуваат. Поради неправилности се затворени 60 деловни објекти во Скопје, Прилеп, Битола, Кочани, Куманово, Струмица, Радовиш, Неготино и Кавадарци.
22.10.2013 - 13:20
Фото:
Денешен