БИХ: На граница откриени 50 килограми експлозив и 100 детонатори

 

Граничната полиција на БиХ спречиле шверц на 50 килограми експлозив  „Петронит 28Е“ и 100 електрични детонатори.

Експлозивот бил откриен во рамки на операцијата „Октомври“,при проверка на автомобил „Пасат“, со босански регистерски таблички. Автомобилот бил претресен во граничниот појас Предел, во регионот на Фоча.

 Против возачот на автомобилот кој е државјанин на Босна е покренато обвинение за неодобрено производство и шверц на експлозивни материјали.

22.10.2013 - 13:59

најчитано сега