ВМРО-ДПМНЕ: Во услови на корона криза власта на Заев и Спасовски дава најмала поддршка на стопанството во Европа

Државите жестоко се борат против корона вирусот. Некои влади повеќе некои помалку успешно, велат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„А што прави македонската влада? Кои се резултатите од нејзината активност или нејзината неактивност? Ова се фактите кои СДСМ очајно се труди да ги скрие од нас.

Македонија под водство на СДСМ е земјата со убедливо најмала и најслаба економска поддршка во Европа на погоденото од корона стопанство и издвојува само 1,2% БДП за помош на економијата.

Власта на Заев и Спасовски дава само 200 милиони евра поддршка на стопанството, додека Словенија дава 3 милијарди евра, Србија 5 милијарди евра, Бугарија 2,3 милијарди евра.

За жал, ние сме земја со најголем број на починати лица од корона вирусот на Балканот во однос на бројот на населението. Македонија има повеќе починати лица од корона отколку Грција, Бугарија и Албанија заедно.

На второ место сме на Балканот по бројот на најмногу заболени пациенти по глава на жител.

Македонија е една од земјите која има направено најмал број на тестови во Европа. Имаме најмала опременост, но најголем број на заболени здравствени работници по глава на жител на Балканот.

Ова се фактите почитувани граѓани.

Во услови на корона криза власта на Заев и Спасовски дава најмала поддршка на стопанството во Европа.

Има најголем број на починати лица на Балканот. Во врвот сме по број заболени лица од Ковид, а на дното по број на тестирања и по опременост на здравствените работници.

 

Вие проценете сами. Не се способни! Не знаат и не можат!“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2020 - 12:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега