Арсовски: Заев призна дека финансирал и плаќал младински движења и организации за да дојде на власт

Заев призна дека финансирал и плаќал младински движења и организации за да дојде на власт, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Објавените аудиозаписи во медиумите за Зоран Заев се уште една потврда дека на крајно лицемерен начин ги манипулирал младинските движења, односно студентското и средношколското, со тоа што директно ги контролирал и влијаел врз нивните одлуки. Токму на ова место се наоѓа Студентскиот парламент, студентска организација чиј интегритет го урна Зоран Заев преку своите платеници за кои и сам призна дека ги финансирал и дека биле негови. Како, на пример, Ивана Туфегџиќ, која 3 години нема збор кажано за правата на студентите и средношколците. Впрочем, тоа и беше намерата на Туфегџиќ, исто како и на Зоран Заев, единствено да дојде на власт и да седне во фотелја што ќе ѝ биде удобна и нема да мисли на никој друг и на ништо друго“, рече Арсовски.

Кога Зоран Заев вели – сите организации се мои, додаде тој, најверојатно мисли дека се негови, само затоа што самиот лично ги финансирал и ги плаќал.

„Истите тие што се декларираа како лидери на организациите и на движењата и кои дивееја и кршеа државен имот во држава за време на тие протести. И истовремено да заведуваа и стотици недолжни студенти и средношколци, а да не заборавиме дека во овој ист кош се и дел и од професорите што ги заведуваа и манипулираа студентите, кои денес важат за професори што имаат антинационални настроени интереси“, рече Арсовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.05.2020 - 13:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега