Ахмети: Артан Груби е жив и здрав

Останува идната недела да имаме уште една средба за да се добијат потребните информации од надлежните институции и да одлучиме за изборите, кажа лидерот на ДУИ, Али Ахмети по денешната лидерска средба.

-Очекуваме мислење од здравствените експерти и кога ќе ги добиеме тие мислења ќе дадеме одговори дали е можно да има избори во јуни - кажа Ахмети.

На новинарско прашање зошто пратеникот Артан Груби не го придружува и дали е се во ред со него, тој одговори:

-Артан Груби е жив и здрав, маската ми е обезбедна од него и тука беше пред некое време.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега