Битиќи: Ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение

Денеска е многу полесно да зборуваме затоа што имаме показатели, имаме индикатори како се одвиваше состојбата од март па наваму и како се движи економијата и сега можеме да правиме проекции, кои повторно нема да бидат сто отсто точни затоа што не знаеме што не чека, но веројатно дека ќе погрешиме е многу помала, вели советникот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, за досега преземените и за идните мерки, нивната ефикасност и влијание врз економијата.

Битиќи во вечерашното гостување во Топ тема на ТВ „Телма“, кажа дека во март кога беа носени првите мерки и во почетокот на април, имаше непознаници, не се знаеше точно против што се бориме, колкав ќе биде ударот и затоа е проектирано онолку колку што вистински можеше за да не се загрози стабилноста на буџетот и на државата.

– Прв пат оваа држава се наоѓа во ситуација на вонредна состојба во која треба еден закон преточен од 150 страници да го пропишете на две страни… мислејќи дека е сосема доволно објаснет, начинот како е пропишано, сите ги толкувавме различно…и ние рековме добро ќе ги слушнеме што е тоа различно. Исходот од последните уредби е токму затоа што ги слушаме сите чинители и дојдовме до најдоброто решение што можевме да го добиеме. Еден од клучните проблеми е кога сакаме да се споредуваме со земјите, ние во суштина слушаме кои се мерките, но не знаеме како административно се спроведуваат, забораваме на законските решенија кои таму постојат, изјави Битиќи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.05.2020 - 21:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега