ВИДЕО: Како ќе изгледа најголемиот стадион на светот?
Кинеската компанија Евергранде, која е сопственик на фудбалскиот клуб Гвангџу соопшти дека во тој град почнува со изградба на стадион со капацитет од 100.000 гледачи.
Новиот стадион кој ќе има облик на цвет од лотос ќе чини 1,7 милијарди долари и би требало да биде готов до 2023 година.
По капацитет го надминува Камп Ноу во Барселона кој официјално има 99.354 места, со што ќе стане најголем фудбалски стадион на светот.
Исто така, компанијата ќе изгради уште два стадиони во Кина со капацитет од 80.000 места, но засега не се знае во кои градови.
21.05.2020 - 22:55
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа