ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава врзани со историјата и македонскиот јазик?

„Од владејачката партија има молк по ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се поставени македонската историја и македонскиот јазик?

Дали дел од пакетот на договор е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик?

За само неколку месеци ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евроатланските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед

Заев со неговата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија.

Заев  не е способен да испорача резултати на ниту едно поле.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија“ влат од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.05.2020 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега