ВМРО-ДПМНЕ: Заев притиска за избори на кои наместо гласови ќе броиме починати и заразени

Додека Македонија ги брои новозаразените и починатите, наши сограѓани со име и презиме со семејства и пријатели, за СДСМ и натаму најважна е политиката, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ и натаму притиска за избори на кои наместо гласови и гласачи ќе ги броиме починатите и заразените од новиот коронавирус.

Брзите избори не се решение во држава во која има највисока стапка на смртност од опасниот вирус во регионот, во која има најголем пораст на новозаразени и во која се уште хара епидемија.

Заев и СДСМ единствено ги интересира власта и фотелјите, здравјето на граѓаните е на последно место. Доказ дека здравјето на граѓаните им е најмалку важно е на  здравствен план кое им го приредија на граѓаните.

За негрижата за здравјето на граѓаните и неспособноста на власта следува казната од граѓаните зад гласачкиот параван“ – порачуваат од партијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.05.2020 - 10:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега