Мицкоски: Имаме црн понеделник, се заразуваат и умираат премногу луѓе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на својот фејсбук профил напиша дека е во комуникација со претставници на Владата и кабинетот на Претседателот, поради зголемениот број новодијагностицирани со КОВИД-19.

-Денеска сум во комуникација со повеќе именувани лица од Владата на Спасовски и со Претседателот Пендаровски, загрижен за развојот на настаните и излегувањето од контрола на пандемијата со вирусот. Мора да се демонстрира сериозност и да се носат одлуки кои ќе значат заштита на здравјето на граѓаните, пишува Мицкоски на ФБ.

Во однос на прес конференцијата на Зоран Заев, тој вели дека има многу да каже, но, оти денешниот ден нема да го користи за преписки и конфликти и дополнително да ги вознемирува граѓаните.

– Работите се многу посериозни. Имаме црн понеделник, се заразуваат премногу луѓе, премногу и умираат, и јас не знам како само мирно спие овој човек и како се прави како ништо да не се случува и глуми нормалност, пишува лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.06.2020 - 15:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега