Калеска -Ванчева: Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките или ќе мора повторно карантин

Македонското здравство има капацитет и успешно се справува со вирусот Ковид 19 и во услови кога има покачување на бројот на новозаразени, изјави Снежана Калеска -Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ.

„Здравствените установи не се оптоварени, капацитетите се празни, а голем дел од новозаразените се или без симптоми или се со благи симптоми и се на домашно лекување, појава што ја има и во други земји. Но сепак, останува заедничката одговорност да се заштитиме од коронавирусот. Изборот е јасен – или ќе ги почитуваме мерките за заштита или ќе мора повторно да се враќаме на рестриктивни мерки, како што е карантинот или полицискиот час“, кажа таа.

Затоа, додаде Калеска-Ванчева, е неопходно сите заедно, безусловно да ги почитуваме мерките за заштита, да носиме маска секогаш кога е тоа потребно, да држиме физичка дистанца и да не се групираме.

„Сите овие поголеми бројки, на кои сведочиме деновиве, се директна последица на неколку фактори. Прво од неработењето и саботирањето на мерките од страна на Наќе Чулев. Наместо да преземе одговорност да се спроведуваат мерките и задолженијата Чулев јавно порача дека нема да казнува и со тоа поттикна масовно кршење на мерките. Целата јавност ги гледаше масовните прекршувања на забраните за собири и движења и бројните прекршувања на полицискиот час, само Чулев ги игнорираше и свесно не преземаше ништо. Со тоа тој свесно го загрози јавното здравје и придонесе да имаме вакви бројки“, рече таа.

Второ, додаде Калеска – Ванчева, како што објави Министерството за здравство, тековните тестирања се таргетирани во познати кластери и затоа бројките се поголеми, тоа значи дека се тестира во точно утвдени фамилии и населби и дека здравствениот систем добро знае што прави.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.06.2020 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега