ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и кластерoт СДСМ ја шират Ковид заразата

 

СДСМ и Зоран Заев се главните ширачи на Ковид 19  во земјата. Веќе подолг период Република Македонија има трицифрена бројка на новозаразени, а неспосбната СДСМ не знае и не умее да се справи со оваа ситуација, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на Фејсбук статусот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Оттаму велат дека Заев треба да биде загрижен и за организирањето на нивните митинзи.

-На еден таков јавноста сведочеше деновиве,а истиот беше организиран со затворениците во затворот во Идризово. Наместо Заев да шири приказни  и да глуми загриженост  нека даде одговори на јавноста. Заев треба да даде одговор дали кај него завршија парите од „Рекет“ и по чија наредба и со чии амин се случи уште еден рекет од 6 милиони евра. Заев треба да одговори  и како е дозволено и се случува адвокатот Димишков да кажува кој да се ослободи, а кој не, а притоа  за тоа бара 6 милиони евра. Јавноста треба да знае и дали дел од тие пари завршија во џебот  на Зоран и Вице Заеви? Изборот е јасен, изборот е помеѓу обнова која ќе ја донесе ВМРО-ДПМНЕ и измама која ја имаме од Заев и СДСМ. Македонија не заборава, и народот ќе ја направи разликата, се вели во реакцијата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2020 - 20:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега