Таткото на Ѓоковиќ загрижен: Новак не се чувствува добро

 

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се најде на удар на светската јавност поради организацијата на „Адрија тур“ кој место хуманитарен турнир со забава и уживање за фановите, се претвори во корона-хаос.

Откако бугарскиот тенисер Григор Димитров прв објави дека е позитивен на Ковид-19 беше прекинат турнирот во Задар, а потоа позитивни на тестирањата се покажаа и Борна Чориќ, како и самиот Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.

Новак Ѓоковиќ искажа огромно жалење за се што се случи, признавајќи дека можеби прераниле со турнирот. И додека се уште е на удар од светската јавноста, неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ нагласува дека единствен виновник е Григор Димитров.

„Верувајте на никого не му е сеедно тоа што се случи. На Новак посебно не му е добро. Се чувствува очајно. Но, тоа е што е, и од ова мора да излеземе посилни. А, зошто ова се случи? Затоа што Димитров најверојатно дојде болен од којзнае каде… Ни нанесе голема штета на нас како семејство, но и на Србија и на Хрватска“ – рече Срѓан Ѓоковиќ во разговор за хрватски РТЛ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.06.2020 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега